Со Лисистрата вечер започнува десетиот фестивал ,,Стоби,,

Петар Печков

Вечерва во 21 часот во античкиот театар од археолошкиот локалитет Стоби започнува Фестивалот на античка драма ,,Стоби 2011,,. На десетиот јубилеен фестивал, во официјалната програма, наредните  две седмици ќе се прикажат седум претстави во конкуренција за наградата ,,Антигона,,.  На отворањето  ќе се претстават гостите од  Народниот театар од Ужице Србија со ,,Лисистрата,, од  Аристофан, во режија на Бранко Поповиќ.

Создадовме  модерна претстава која третира современи и актуелни моменти од живеењето, кои го тангираат денешниот човек, поточно жената и нејзините односи со мажот. Претставата нема ниту време ниту простор на кој се случува, универзална е. Темата ги допира сите во регионот, војна и мир, однос маж- жена, доброто и злото. Во судирот на Спартанците и Атињаните, преведувачката Радмила Шалабалиќ умешно го постави и на јазично поле, на албански и српски, што комедијата добива дополнителна духовитост -  изјави режисерот Поповиќ. 

Театарот од Ужице доаѓа по втор пат на овој фестивал, прв пат во 2006-та со  Пилат. Со оваа претстава актерката Тања Јовановиќ  како Лисистрата ја добила главната награда на националниот фестивал ,,Јоаким Вујиќ,, во Пирот, додека ансамблот  на театарот за колективна игра. Лисистрата во изведба на велешкиот театар ,,ЈХ Џинот,, беше играна 2002-та на фестивалот Стоби кога ја доби Гран При наградата.
 
 Како реагираат мажите, воините, кога ќе се соочат со ултиматумот на жените: „Или прекинете ги војните, или нема секс!“ Дали посилниот пол ќе го положи оружјето и пред суровата уцена безволно ќе прогласи примирје, или ќе го прифати „љубовниот пост“ заради натамошни судири, освојувања, убиства... за тоа раскажува претставата „Лисистрата“, античка драма според текстот на Аристофан. Комедија која обилува со еротски набој, напишана пред 2.500 години, „Лисистрата“ се занимава со машко – женските односи во време на Пелопонеската војна. Запоставените жени повеќе не сакаат да ги гледаат своите мажи како се опседнати со војување и решаваат да ги скротат воините со тоа што ќе ги соочат со изборот: „Или војна или ние!“.
 
Електра на Еврипид во 1992-та на велешкиот театар ..ЈХ Џинот.. го заживеа просторот од локалитетот Стоби, за што најголем поборник на идејата тој да заживее, беше актерот Младен Крстевски. Десет години велешките актери секое лето премиерно прикажуваа  премиера на текст од антички автор. Фестивалот започна да работи во 2002-та година. Досега на него се прикажани 50-тина претстави од десет држави од Европа, Русија, Украина, Турција, Бугарија, Хрватска, Србија, Грција, Холандија, Македонија, Црна Гора. Годинава за прв пат фестивалот е без претстава од велешкиот театар.

Годинава за прв пат се воведува и плаќање на билетите, чија цена е 50 денари. Истите ќе се продаваат на билетарата од театарот до два часот напладне, или пред поаѓањето на автобусите истотака на билетарница. Билетот е и влезница за во автобусот, чие поаѓање ќе биде во 20 часот од центарот на градот, кај Коњот.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати