Со два концерти најстарото музичко училиште во Македонија, „Стефан Гајдов“ одбележува 80 години постоење

Петар Печков

Основното музичко училишпте „Стефан Гајдов“ од Велес одбележува 80 години постоење и 120 години од раѓањето на патронот. Тоа ќе се случи со два концерти, првиот вечерва(четврток)  на кој ќе настапат ученици од тековната учебна година 2025/26 година. Вториот е понеделник  8 јуни на кој  настап ќе имаат ученици од досегашните генерации завршени основци а се познати во македонската музичка јавност. И двата концерти се бесплатани, првиот во салата на велешки театар, вториот во Ликовен салон. 

„Со  особена чест одбележуваме 80 години од постоењето на Музичко училиште „Стефан Гајдов“ – осум децении посветеност на музиката, образованието и културниот развој на нашиот град. Одбележуваме и 120 години од раѓањето на патронот. Во текот на овие години, училиштето изгради генерации талентирани музичари, педагози и уметници кои со својата работа оставиле траен белег во Македонија и пошироко. Благодарение на трудот и посветеноста на наставниците, како и на љубовта кон музиката што им се пренесува на учениците, ова училиште стана вистински храм на уметноста и креативноста. Нека овој јубилеј биде потсетник на богатото наследство што го чуваме, но и поттик за нови успеси, нови генерации таленти и нови музички приказни“ – вели директорот на училиштетот Благој Каракачанов. 

За концертот понеделник најавени семеѓу другите и Веселинка Маџарова, Орхидеја Дукова, Габриела Бачманова, Менка Богоевска, Камелија Дукова, Вероника Караколева, Слободанка Ничевска,  Тоше Темелков, Илија Настовски, Трајче Малинов, Игор Иванов.  


Музичкото школо „Стефан Гајдов“ е формирано на 15 јануари 1946, a првиот концерт учениците го имале на 31 март истата година.  Стефан Гајдов (Велес, 8 јуни 1905 - Скопје, 17 јули 1992), композитор, диригент и педагог од првата генерација македонски музички дејци.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати