Со настап на стенд ап артистот Бојан Велевски, вечерва започнува „Велешко лето“

Петар Печков

Со завршувањето на Фолклорниот фестивал „Велес 2024' не завршува и понудата за забава во текот на летните денови. Од вечерва, понеделник, започнува „Велешко лето 2024“, кое го организира Општина Велес.

Почетокот е со стенд ап настапот на Бојан Велевски а веднаш по него е музички сет со ДЏ Попај.  Ќе се следи и полуфиналето на Европското прветство во фудбал, кое се одржува во Германија, преку преноси на видео бим. И тоа вторник и среда и финалето недела вечер од 21ч. Петок вечер од 20ч. е изведбата на детската претстава    „Здраво детство“ на патувачката група Патувалка. Сите настани оваа седмица ќе се одржат на сцената на Амфитеаторот од Младински парк.  

„Почнуваме вечерва во 20 часот во Амфитеатар - Младински парк и ви најавуваме два месеци исполнети со музика, спорт, уметност, литература - јули и август со многу забава и дружење“ - соопштија од Општина Велес.

Програмата ќе се објавува секој понеделник  на официјалните профили на Општина Велес.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати