Со пуштањето на мостот кај Башино село за сообраќај, престана да важи времениот сообраќаен режим низ Велес (фото)

Петар Печков

Со отстранување на хоризонталната сообраќајна сигнализација, што се случи синоќа во вечерните часови, заврши времениот сообраќен режим во Велес.

Останува уште да се врати светлосната сигнализација, да функционираат семафорите, кај бензинската на Макпетрол, каде има технички проблем. Но заради превентива таму има сообраќаен полицаец, кој ги упатува возачите дека улицата Алексо Демнниевски Бауман не е повеќе двонасочна туку еднонасочна. Двонасочани се  улиците Страшо Пинџур и Гоце Делчев во центарот на градот. 

Времениот сообраќаен режим беше воведен на 9 јануари, откако беше затворен за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село. Но откако истиот беше пуштен за користење на 2 март, со времен режим, нема потреба од времениот сообраќаен режим низ градот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

ДПТ РОНТИС вработува

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:  Техничар за одржување  Оператори за производство на крвни линии Детали


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати