Стојановски гостин со свои дела на промоцијата и изложбата на турскиот автор Сехин во Истанбул (фото)

Петар Печков

Во просториите на Техничкиот универзитет на Истанбул, во средата на   4-ти март  се одржа културен настан,  промоција на книга од турскиот автор Серхан Шехин насловена Dream melodies.

На промоцијата имаше и   изложба на наградени дела на ликовни уметници од Турција на тема опера, односно Волшебната флејта од Моцарт.

На овој настан како гостин  учествуваше и  велешкиот ликовен уметник Илчо Стојановски. Нивното пријателство, кое е врзано со Велес, продолжило па авторот Серхан го поканил со две дела да биде  гостин на неговиот културен настан. 

Стојановски се претстави со две дела акрил на платно работени  спрема одредена музика на турскиот  автор  на класична музика Садетин Кајнак  како мотив. И тие две слики се дел од книгата на Серхан.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати