Транзитните туристи се жалат, сакате туризам ама немате квалитетен пристап од автопат до езеро Младост

Петар Печков

Со Првомајските и Велигденски празници, започна сезоната на транзитниот туризам низ Македонија, така и во Велешко, поточно на езеро Младост. Уште не е почната рекате од туристи, кои се на пропатување од или за Грција, а станка наоѓаат на бреговите на велешката водена акумулација, која со бројните угостителски објекти е место каде тие здивнуваат од напорниот и долг пат.

„Ова езеро е најдоброто место за одмор на пат до Грција, да се одмориме и продолжиме со возењето. Но за жал  неколку години по ред го имаме истиот проблем. Приодниот пат од автопат Скопје – Велес  и приклучниот за автопат Велес – Скопје се најблаго кажано ужасни. Како со сила да сакаат да не одвратат од намерата  да преноќиме и оставиме девизи. Сме реагирале до сопственците на хотелите, но нивниот глас очигледно не се слуша“ – велат транзитните туристи од Србија.

Тие се најбројни според бројот на престои во велешко во 2022 година   а по нив доаѓаат Романците и Унгарците. Сите три нации се транзитни туристи кои летуваат во Грција а попатно престојуваат во Велес. 

За лошата состојба на приклучоците и исклучокт од и за автопат знаат и надлежните, но не усепват да се договорат кој е надлежен  тоа да го реши. Должината од вкупно 3 километри е нерешлива загатка. Директорот на ЈП Државни патишта (ЈПДП)  Ејуп Рустеми одговорноста ја префла на локална власт.

„Овие патиште, исклучокот и приклучокот за автопат се под надлежност на локалната власт. Таа треба да ги обнови, тоа е нивна задача“ – кажа Рустеми при неодамнеша посета на Велес.

Градоначалникот на Велес Марко Колев, во дилема, чија е одговорноста за одржување.

„Кога се реконстуираше делницата од регионалниот пат од Башино село од езеро Младост, останаа некои средства од ЈПДП  неискористени. Патот се финасираше од кредит од Европска инвестициона банка. Кога  на писмено побарав, со овие средства, да се уредат пристапите од автопат, добив одговор дека приодите од автопат се надлежност на локалната власт. Останува дилемата како  на релацијата автопат Скопје – Велес и обратно,  да се појавувават овие локални патишта, кои се приоди. Има различни толкувања за овој проблем, дали се под државата дали под општината. Но тој  мора да се реши, во интерес на транзитните туристи“ – кажа Колев.  

Проценките се дека годишно околу  700.000 до милион Срби заминуваат во Грција на одмор и исто толку минуваат по автопатот од Куманово до Гевгелија. Дополниетлно и други туристи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати