Трета контрола за гласна музика, за еден месец, во велешките угостителски објекти

Петар Печков

Ноќата саботата кон неделата, зaедничка контрола на повеќе инспекции, низ велешките угостителски објекти. Полицијата, Државниот пазарен инспекторат, трудова инспекција и Управата за јавни приходи, секоја во својот делокруг на работа.   Биле констатирани прекршоци. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 17/18.05.2025 во периодот од 21.00 до 03.00 часот, на полициски службеници од СВР Велес заедно со Државниот пазарен инспекторат, трудова инспекција и Управата за јавни приходи извршија контроли во угостителски објекти на подрачје на Велес. Притоа, во еден угостителски објект со фонометар е констатирано дека музиката е погласна од дозволеното за што ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, од страна на претставниците на другите институции, во неколку угостителски објекти биле констатирани прекршоци за што и поднесени соодветни платни налози“ - информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали по три години пауза, Македонија треба да се врати на музичкиот фестивал Песна на Евровизија“?

  • да
  • не
Резултати