Трите деца кои загинаа во пожарот биле заклучени дома

Петар Печков

Од домот на Марија Давчевска  ( 37 год) и Никола Антониевски   (45 год) останаа само голи ѕидови. Тие се сведоци од трагедијата која вчеравечер му се случи на ова велешко семејство. Во пожарот изгореа трите деца, две девојчиња на четири  и една години и едно машко на две годишна возраст. Денес со повеќе информации излегоа јавното обвинителство и министерството за труд и социјална помош.  

Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата. Ќе се врши проверка на трагите земени од лице место за да се утврдат причините за настанување на пожарот  - информираа од ОЈО Велес. 

Тие ќе истражуваат и евентуална кривична одговорност. При вршење на увидот, јавниот обвинител издал наредби за обдукција на телата на починатите деца и вршење на идентификација. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес презема дејствија за расчистување на околностите  кои довеле до трагедијата и пожарот. Со соопштение се јавија и од Министерството за труд и социјална работа.  

Семејството било евидентирано во системот на Центарот за социјална работа во Велес и биле корисници на социјална парична помош. Општина Велес во соработка со Центарот за социјална работа се ангажираат за организирање на погребот за настраданите деца - соопштија од  во врска со трагичниот случај, во кој вчера, во пожар настрадаа три малолетни деца во Велес.

Пожарот според соседите избувнал околу 15,30 ч. во шума под Вршник, далеку од најблиски куќи а објектот немал ниту вода ниту струја, ниту пристапен пат. Семејството преживувало од собирање на отпад и пластични шишиња. Први на помош притрчале соседите кои со колички носеле вода во канистери и туби, додека стигнала пожарната. Децата биле пронајдени јагленосани и во различни делови од куќата.

loading...

Поврзани »

loading...

Rontis вработува магационер

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала Ронтис заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Mагационер Детали

Rontis вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала „Rontis“ заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување

Детали

Rontis вработува оператори

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи: 20 (дваесет) Оператори во производство Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com