Убавото време ги собра гостите на Чист понеделник на Мегдан

Петар Печков

Убавото и сончево веме ги собра Мегданчани и нивните гости, на Чист понеделник. Во старото велешко маало, блиску до црквата Св. Пантелејмон, овој прв понеделник после Прочка  имаше народ, врева, раздвиженост.

Се одбележа Чист понедленик, кога традиционално велешни ги започнуваат велигденските пости, со ручек, бел грав. Годинашен кум, домаќин,  на настанот беше Кире Митровски.

„После многу пати пријавување, овој пат, годинава ми успеа. Имам обврска да обезбедам ручек, пијалок, за гостите, туршија носам и јас и кој што има од дома.Овој ден за мене, за жителите на Мегддан, носи радост, среќа. Убаво е времето и ќе има полни маси и гости и храна“ – рече Митровски.

Кум до година треба да биде Лучијано Чорев.

Како и годините наназад за подготовката на ручекот, бел грав, беше задолжен  Тодор Иванов - Башката. И годинава неговиот рецепт се покажа успешен и врвен а белиот грав бргу беше исцрпен од лонецот, каде беа подготвени 30-тина кг.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати