Условна затворска казна за двајца Oризарци оти физички нападнаа полицајка

Петар Печков

Двајца жители  на Горно Оризари добија условна затворска казна оти  нападнаа полицајка, додека  таа била на работа.  Азра Куртагиќ и   Адис Куртагиќ се прогласени за  виновни во Основен суд  Велес за  кривичното дело  ,,Напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста,,. 

На Азра Куртагиќ  изречена и е  казна затвор во траење од девет месеци која  нема да се  изврши ако за време о две години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Адис  Куртагиќ  доби казна затвор во траење од  една година и  пет месеци која нема да се изврши ако  за време од четири години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Пресудите се правосилни. 

На 14 октомври лани,  околу 40 минути по полноќ часот, Азра Куртагиќ и Адис Куртагиќ, пред  ја нападнат  сообраќајната  полицајка  додека  била на работно место  Адис извршил повеќе сообраќајни прекршоци управувајќи моторцикл на кој сопатник била обвинетата Азра.

Кај Шпааркасе банка  во центар  биле пресретнати од полицајката  и сопрени. Азра се симнала од моторциклот, започнала да навредува со зборовите „јебем ви све, шта хочеш курво, јебем ви служба“, ја повлекла полицајката  за десната рака и ја удрила во градите, по што Адис со моторциклот удирал во предниот дел од службеното возило, се симнал од моторциклот, оштетената ја бутнал, ја изгребал за вратот, кинејќи и ја униформата.

При тоа и  нанеле  телесни повреди изразени во црвенило по глава, врат, гради, горни екстремитети и гребаници.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати