Утрово Вардар го достигна максималното ниво низ Велес

Петар Печков

Реката Вардар утрово во Велес го  достигна максималното ниво од 240 цм објавија од УХМР и за подоцна се очекува намалување на водостојот. Нивото на раката Бабуна во Богомила бележи опаѓање во однос на вчера, утрово во 7,30 измерени се 50 цм, наспроти 100 од вчера. 

Во Велес утрово има зголемен водостој кој се очекува во текот на денот постепено да се намалува, соопштија од  УХМР.

До пладне нема пријавено дека има излевања на реките во поширокиот велешки регион.

Нема пријави дека реките Вардар, Тополка или Бабуна се имаа излеано во нивното течение во велешко - кажаа oд Центарот за управување со кризи во Велес. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати