Учениците запознаени со професијата полициски службеник

Петар Печков

Во ОУ „Блаже Конески“ во Велес, во организација на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Отсекот за превенција при СВР Велес, беше реализирана едукативна активност со учениците.

При тоа  биле запознаени со професијата полициски службеник, а особено со работата на сообраќајната полиција и сообраќајните правила за малите пешаци.

Исто така, децата имале можност да видат дел од техничките средства, опремата и возилата што полициските службеници ги користат во секојдневното полициско постапување.

фото МВР

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати