Учениците од Економска создадоа едукативно помагало за децата со посебни потреби

Петар Печков

Тимот од ОСУ,,Јовче Тесличков“ Велес, е еден од тимовите кои беа наградени од  UPSHIFT програмата,со финансиска поддршка од 2.000 евра за реализација на своја социјална бизнис идеја

Тимот Unica Spera од ОСУ,,Јовче Тесличков“ Велес составен од  учениците Анастасија Андовска, Симона Андовска, Мартина Стојкова, Аријан Амзи, Сара Ѓорѓиевскапод менторство на професор Радмила Андовска,е еден од петте тимови кои беа најдобри на UPSHIFT работилницата за социјално претприемништво во организација на CEED Hub Скопје, со поддршка на УНИЦЕФ, Министерството за образование, Бирото за развој на образование и Фондот за иновации и технолошки развој. 

На јавниот повик за обезбедување тримесечна менторска поддршка и средства за имплементација на проектот имало пристигнато апликации од повеќе од 50 училишта во земјава. Апликацијата која ја изработи UnicaSpera беше една од десетте избрани за учество на третата UPSHIFT работилница за социјални влијанија и решавање социјални предизвици, а истата се реализираше од 21 март до 23 март во Струга.

Нашиот тим на натпреварот го престави својот иновативен производ „РИНГОБИТ“, едукативно помагало, игра, за учење на основни математички вештини кај децата со посебни образовни потреби и е награден со финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартува својата идеја. 

„Целта наработилницата беше решавање на одреден социјален проблем – во нашиот случај тоа е – Потешкотии при учење на основните математички вештини кај децата со посебни образовни потреби. Самата инспирација за  да го создаме Рингобит беше желбата да им помогнеме на овие деца,  на забавен и интересен начин, преку игра да учат математика“ - рече Анастасија Андовска – ученик во IV година

Пресреќни сме што нашата идеја ќе стане реалност. А особено не радува тоа што ќе можеме да им помогнеме на многу деца кои го имаат овој проблем, докажувајќи дека и математиката може да биде забавна и да се научи. Прекрасно е чувството дека имаме можност со нашата работа да  придонесеме  да се направи позитивна промена во општеството - велат учениците.

UPSHIFT е програма за социјално претприемништво развиена од страна на УНИЦЕФ, во рамките на која преку решавање на одредени социјални проблеми и предизвици им се овозможува на младите да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

Со самото учеството во програмата учениците стекнуваат нови вештини и знаења,  придонесуваат да се реши проблем во заедницата, а и пошироко,  учат како да ја дизајнираат, развиваат и спроведуваат нивната идеја а исто така се дружат и стекнуваат нови пријателства.

Победата на натпреварот не е случајна. На оваа идеја напорно се работеше во текот на целата година. Истиот тим на ученици со менторите Васко Трајковски, Сандра Пановска и Радмила Андовска освои прво место и на натпреварот „Најдобра Ученичка Компанија 2018“, во организација на Џуниор Ачивмент Македонија и учествуваа на Европскиот натпревар за Најдобра Ученичка компанија 2018 во Белград заедно со ученици од 39 земји во Европа. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати