Уште едно службено возило во Општина Велес, доби црвени регистерски таблички

Петар Печков

Уште едно службено возило во Општина Велес, доби црени регистерски таблички. На почетокот до седмицага и службениот автомобил на Основното Јавно обвинтелство Велес е регистриран согсласно новите законски прописи. Претходно, прв тоа го стори Основен суд Велес. 

Целта е оваа изборна кампања за локалните избори, да мине без користење на службени возила за партиски намени. Проценките се дека во општината има стотина службени возила.

Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050 и на електронската адреса prijavizloupotreba@sozr.gov.mk, како дел од мерките на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за ставање крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста.

За полесно препознавање на возилата, веќе во процедура е унифицирањето на возилата со специјалните регистарски таблици, кои се лесно видливи и јасно ги разликуваат службените од приватните возила.

Hема казни за тие што нема да ја почитуваат. За нив обврската ќе почне тогаш кога нивните возила ќе одат на задолжителна регистрација. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати