ФК Борец на Градски високо го порази Детонит (видео)

Петар Печков

Лидерот на Втората лига Исток, силовито тргна во разврската за пласман во Првата лига. Стартуваше последниот трет првенствен дел од разигрувањето. Велешани по високиот пораз во дербито во саботата во Кавадарци од Тиквеш со 0:3, славеа на Градски  висока победа од 7:1 (2:0).   Стрелци за домаќинот беа:  Марко Ѓорѓиевски со четири гола во  8, 52, 71, 85, Симеон Христов во 38, Роберт Коцев во 61, Филип Петров во 91.  И натаму остана разликата од седум бодови предност за ФК Борец 1919 пред ФК Тиквеш од Кавадарци. Во следното 20- коло  велешани повторно имаат противник од Радовиш, играат како гости против ФК Плачковица која е седма со четири победи и 16 бода.

Во заостанат натпревар од второто коло од разигрувањето за опстанок во Супе лигата, велешки Борец гостуваше во Охрид. Забележан е пораз од 12:38 (7:21). Младинскиот соств на велешани е последен без ниту еден бод.  Веќе четвцрток ГРК Борец игра дома против Прилеп 2010, кон е претпоследен со 10 бода. 

Се одигра 15-тото коло од Третата лига Центар, каде велешките екипи забележаа две победи и еден пораз. Лидерот ФК Превалец победи како гостин во прилепско Тополчани против десетопласираната истоимена екипа со 0:2 и остана на врвот со четири бода предност над ФК Питу Гули од Крушево. ФК Бабуна дома славеше со  2:0 против седмопласираната ФК Марена од кавадаречка Марена. И тие немаат поместување на табелата остануваат трети. Последно пласираната екипа на табелата ФК Тополка гостуваше во прилепско Крушеане и загуби од ФК Напредок со 4:1, домашните се деветто место од 12. Во следното коло е локалното дерби ФК Превалец игра со ФК Бабуна а ФК Тополка го пречекува ФК Ново Црнилиште од кавадаречко Црнилиште кој е петти со шест победи и 21 бод. 

По еден месец пауза започна и натпреварите од Третата лига Исток. Работник од Лозово, дома не се појави на терен па  ФК Брегалница сениори од Штип го доби натпреварот со службен резултат 0:3. Во следното коло Работник треба да гостува во Виница на екипата на ФК Слога   1934. 

Се одигра 12-тото коло на Општинската фудбалска лига. На три натпревари беа постигнати 20 гола и еден заврши со службен резултат.

         Постигнати се следните резултати:

Илинден БС - Согле          0:3  служб. 

Башкими - Локомотива   6:2

Горски - Мартолци           1:3

Форца Нова - Интернационал 2:1

екипата на ФК Младост е слободна 

                          Т   А   Б   Е   Л   А

1. Мартолци 07          11   8   1   2      38:15    25

2. Форца нова            10    8   1   1      25: 7     25

3. Башкими                 11   6   1   4      20:15    19

4. Локомотива           10   4   3   3       23:23    15

5. Илинден БС            11   5   0   6      21:21    15

6. Горски                     11   3   2   6       14:23   11

7. Младост                  10  3   2   5       10:21   11

8. Интернационал     11   3   0   7       25:33     9

9. Согле                       11   2   2   7       14:29     8

 

                  Следно 13 коло

Локомотива - Горски

Мартолци - Илинден БС

Согле - Форца Нова

Интернационал - Младост 

слободна е екипата на Башкими 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати