Фудбалскиот натпревар помеѓу женските екипи на Борец и Атлетико сомнителен

Петар Печков

Натпреварот од 2-то коло на Првата женска лига, помеѓу Борец  и Велес  и  Атлетико  од Битола е  под истрага.  Ова  го потврдија  и од Фудбалската Федерација на  Македонија  и од МВР.  Средбата заврши со резултат 6:2, полувреме 3:2 за велешанки.    Чудно било однесувањето на  гостинките, кои според  присутните на Градски во Велес се труделе да загубат по секоја цена.     

Домаќинот поведе со  1:0, па дојде резултати пресврт со два гола  на битолчанки и водство од 2:1. Потоа   се случуваше нешто  чудно, кое го видовме малкуте гледачи на трибините.  Втрча некој од раководството на гостинките и викаше гласно ,,Што ви  е Вас, сакате да ме убијат,,. Имаше стресни ситуации  за младите фудбалери на  Атлетско, плачеа, фрлаа дресови. Беше жално да  се гледа. Промашија и  пенал, топката  отиде покрај  гол. Домаќинките поведоа со 3:2 а израмнувањето  дојде откако  по изведениот аут, гостинската фудбалерка ја подари топката на домашна, која лесно постигна гол. На крајот до средбата Атлетико заврши со две исклучени играчи – вели гледач на натпреварот, кој се одигра  на   10-ти  септември. 

Шпекулациите се дека средбата  била  ставена на обложувалници  на Далечниот исток во Азија,  со висок коефициент со тип ,,еден во еден,, - водство  на домаќинките на полувреме и нивна победа за крај.  

Циркусот кој се случувал на Градски во Велес, на полувремето било повод  главниот судија и домашните, телефонски  да ги пријават настаните и до ФФМ.

Од  таму портпаролот Златко Андоновски само кратко изјави дека ,,Има истрага за средбата,,.  Ова го потврдија и од МВР.

До Одделот за криминалистичка полиција од страна на ФФМ се доставени две известувања. Тие се доставени до надлежен Јавен обвинител при  ОЈО Велес кој раководи  со истражните дејствија, за пријавениот настан од страна на Фудбалската федерација  на Македонија – пишува во писмената информација добиена од МВР.

По досега четирите одиграни кола на Првата женска фудбалска лига, Атлетико од Битола и Борец се при врвот, трета и четврта позиција,  со по девет бода од можни  12.

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com