Хуманитарен концерт на гимназијалците во чест на Тоше Проески (видео)

Петар Печков

Хуманитарен концерт на  Велешките Гимназијалци во спомен на Тоше Проески, се одржа на летната сцена на Младински парк.   

На почетокот учениците изведоа перформанс со моменти од животот на трагично починатиот Проески, на денешен ден пред 17 години. 

Потоа се изведоа песни од Тоше, кои ги пееја Ива Ракиџиева и Филип Настов, придружувано од состав на ученици до Гимназијата и од Музичкото училиште Стефан Гајдов. 

Концертот имаше хуманитарен карактер. од страна на волонтерите на ОО на Црвен крст Велес, беше поставена кутија, во која се донираа парични средства, кои ќе имаат намена која ќе ја одредат од ОО Црен крст. 

Настанот  беше  организиран и  одржан со помош од професорите Магдалена Сарагинов  Јулијана Михова, Атанас Зафиров.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати