Четиринаесет ученици позитивни на ковид-19 и едно дете од градинките

Петар Печков

На денешната прес конференција градоначалникот ја објави состојбата со ковид заразата во институциите во градот, активни случаи заклучно со денес.  Дваесет и седум здравствени работници се со корона вирус, во болница се 24 здравствени работника, здравен дом тројца, Хигиенски нема. 

Четиринаесет ученици се позитивни  ученици, 10 основно и четири од  средно образование  и  едно дете од градинки. Кај просветниот кадар, заразени се  четири наставника во  осново,  тројца во  средно и двајца воспитувачи во градинките.  Регистриран е и еден позитивен случај на ковид-19 кај полицајците во СВР Велес,  кај вработени во  локалната власт  и ЈКП Дервен нема позитивни случаи.  

Состојбата со корона вирусот не е стабилна, има варијации. Поради претстојни верски празници и Нова година, се очекува во првата половина на следниот месец, зголемување на бројот на позитивни в случаи.  Затоа е потребно, граѓаните  строго да се придржуваат до мерките за заштита, да носат заштитни маски, да држат растојание, да одржуваат хигиена  и да не се групираат - порача градоначалникот Коцевски.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати