Шведскиот амабасадор Сулстром во неформална посета на Велес (фото)

Петар Печков

Шведскиот амбасадор Ола Сулстром беше во Велес во неформална посета, дел од неговата „Амбасада на турнеја“. Ја посети конфекцијата на Крзнарата АД Димко Митрев, која е во доминантна сопственост на шведски стопанственици. 

„Разговаравме за производството, идните планови и големите инвестиции во позелено производство“ – соопшти Сулстром.  

Во Европската куќа во Велес имал средба со членовите на Здружението за церебрална парализа и други попречености од Велес, при шти ја истакнал  важноста на пристапноста, инклузијата и активното граѓанско општество.

За време на ручекот, пробал велешка пастрмалија, вкусен локален специјалитет како што го опиша тој,  и  разменил  мислења со Гордан Јорданов од Обединетата Македонска дијаспора за  нејзината важна улога во зајакнување на трговијата и инвестициите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати