Шумски полицајци од станица Велес, нападнати од дрвокрадци

Петар Печков

Попладнево во акција на шумската полиција од близина на  Велес,  тие биле нападнати околу 14ч.  од страна на дрвокрадци. Двајца од нив побарале и помош во велешка болница. Деталите за настанот ги објави заменикот директор на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.

„Со ножеви и моторни пили нападнати и повредени наши колеги од Шумска Полициска Станица Велес од Велес Попладневно на територијата на ПШС "Бабуба" - Велес при акција во која е затекната поголема група дрвокрадци како нелегално сече, нападнати се и повредени шумски полицајци. Тројца шумски полицајци се со повреди и се во болницата во Велес. Напаѓачите се избегани, но, во моментов се приведени неколку лица кои се на препознавање, а по останатите се трага“ –напиша на неговиот ФБ профил Михаилов.

Од велешка болница информираа дека во 14,30ч. кај нив биле донесени две повредени лица. Нивните повреди биле санирани и подоцна пуштени на домашно лекување.
 
Теренот каде се случил инцидентот бил, каде што  неодамна се изврши пошумување, на терените кај езеро Младост.

фото ФБ Кире Михаилов

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати