Петар Печков
Објавено: среда, 23 септември 2026
Велешкиот театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“ е дел од програмата на 18-тиот Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој од 28 септември до 6 октомври ќе се одржува во Крива Паланка. Велешкиот театар ќе настапи со претставата „Тестостерон“ од полскиот автор Анджеј Серемонович, во режија на Синиша Евтимов на 30 септември.
Потоа велешани ќе учествуваат на Меѓународниот театски фестивал во Тетово со претставата „Вечера за глупшаци“ на 2 октомври а на 9 октомври на Фестивалот на детски претстави во Штип со „Мачорот во чизми“.
Велешки театар беше редовен учесник на Фестивалоа на комедијата во Куманово, но годинава го нема во програмата. Затоа пака беше учeсник на Фестивалот на камерен театгар “„Ристо Шисшков“ во Струмица со претставата „ГОДО“.
