Започна реконструкцијата на осветлувањето на Мало мовче

Петар Печков

Започна реконструкцијата на осветлувњето од Мало мовче. По најавите дека штом ќе заврши промената на уличното осветлување, ќе започне да се работи на Мало мовче, денес се реализира. Екипите ги вршат почетните активности, се остранува досегашнaта преостаната инсталација, старите канделабри, по што ќе се постави нова инсталација и нови канделабри. Досегашните кабли беа украдени а канделабрите искршени.

„Ќе се реализира ново осветлувањето на Мало мовче. Но останува на нас граѓаните да ги сочуваат новите светилки, канделабри, да не ја крадат инсталацијата. Од нас зависи“ – кажа градоначалникот Марко Колев .
 
Неколку години овој објект беше во темнина, откако инсталацијата беше украдена а светилките скршени.  Прашан дали ќе следи и обнова на објектот, кој од изградбата, летото 2000-та 25 години не е извршена никаква санација, Колев најави дека се работи и на тоа.

„Треба да издвоиме средства од буџетот, да се изработи проект, каква е состојбата на мостот, по што би започнале евентуални активности за негова реконструкција, ако се констатираат евентуални забелешки“ – рече Колев.

ТрМр го праша Колев и за реакциите на граѓаните, по информацијата дека заврши промената на уличното осветлување, наместо старите жолти со нови лед светилки, а се уште некаде има жолти светилки. 

„Проектот за промената на уличното осветлување е од пред 7-8 години. И има одредени податоци, во однос на бројот и локацијата на светликите, кои тогаш и денес не се совпаѓаат. Тие 100-200 светилки, за кои граѓаните реагираа дека не се променти, ќе се променат. Ќе треба Советот да донесе одлука за издвојување на дополнителни средства, да се потпише анекс со ТЕЛЕКОМ, по што и преостанатите би се промениле. Нема да останат никаде жолти светилки“ – рече Колев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати