Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 ноември 2025
Сашо Муневски (40 год) од Прилеп доби седум години затвор, по признание за вина, за палењето на викендичка во селото Капиново, општина Чашка. Тој во Основен суд Велес беше прогласен за виновен за кривичното дело „тешки дела против оштата безебдност“.
Тоа се случи годинава на 10 мај во 10.35 ч. Сашо со туба запалива течност ги испрскал подот и со запалка го запалил огнот, по што куќата изгорела. Неговиот бранител побара поблага казна, бидејќи Муневски е лице со тешок телесен инвалидите, без лев горен екстремитет а мерката притвор да се замени со некоја поблага. На ова обвиниелката Славица Темелкковски посочи дека обвинетиот имал затворски казни.
„Фактот дека се работи за кривично дело што е сторено по договор, дека обвинетиот е досега осудуван, но, очигледно осудите на затворски казни не влијаеле доволно во однос на неговата ресоцијализација. За неговата здравствена состојба, истата не била пречка , да го изврши предметното кривично дело“ – кажа Темелковски. Притворот на Муневски е продолжен до правосилноста на казната.
Во овој предмет има уште две обвиениети лица Даниел Димески (37 год) од Прилеп и Ѓоре Петровски (56 год) од Ореше, за тешки дела против оштата безебдност. Тие кажаа дека не се чувствуваат виновѝни и за нив се оформи нов предмет, по кој ќе постапува Основен суд Велес.
