Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 март 2025
Hа денешната седница на Судскиот совет на Македонија, беа избрани 49 нови судии. Меѓу ново избраните е и Мила Цилакова, која е избрана за судија во Основен суд Велес.
Таа дипломирала на Правниот факултет во Скопје при УКИМ во 2007 а првосуден испит во 2009. Има работено како адвокат. Цилакова неодамна заврши на Академијата за судии и обвинители.
На овој конкурс се јавиле тројца заинтересирани кандидати. Таа имала најдобри резултати од кандидатките.
Во велешкиот суд има 11 судии.