Три млади велешанки победнички на конкурсот за најдобра туристичка идеја

Петар Печков

Три млади девојки од Велес, членки на „Тимот AND“ се победнички на  конкурсот за најдобра туристичка идеа. Тие заедно со други пет тима, учествуваа во две неделната работа, за  идеа за развој на туризмот. Трите членки на тимот се Ангела  Колева, Дона Жарова и Наталија Стојановска.  

„Младите од Вардарскиот регион поделени во шест тимови развиваа иновативни бизнис решенија за развој на туристичкиот сектор. „Тимот AND“ на младите велешанки беше избран за најдобар за нивната бизнис идеја, која нуди онлајн платформа за уникатни туристички доживувања“ - соопштија од Вардарскиот плански регион.  

Нивната  идеја, девојките  ќе ја презентираат пред Советот на девет  градоначалници за развој на Вардарски плански регион. Работата се одвиваше во  ново отворениот простор на Вардар - иновацискиот  хаб.

фото Марко Колев /ФБ

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати