50 години на Основното училиште Маца Овчарова, за деца со попречености (видео)

Петар Печков

Основното училиште за деца со попречености „Маца Овчарова“ од Велес одбележа јубилеј, 50 години работа. До пред некоја година Посебно основно училиште, сега Основно училиште со ресурсен центар.  Нејзините вработени се грижат за образование на децата со посебни потреби. Но не само од Велес и соседните општини, туку и од Повардарјето и од Источна Македонија.  

„Педесет години професионална работа, секогаш покрај нив, до нив, ги едуцираме, воспитуваме и рехабилитираме. Ги носиме по патот кон иднината, да бидат рамноправни членови на  заедницата.  Упорноста, ентузијазмот на наставниците, дефектолозите, специјалните  едукатори и  рехабилитатори, стручните работници и воспитувачите, негувателките дава резултати.  Тоа е резултат на заедничката работа со родителите на децата. Се радуваме на секој постигнат успех“ - кажа директорката Мирјана Петрушевска.   

Таа потенцира дека изминатите две години училиштето претрпело сериозна трансформација сега е основно училиште со ресурсен центар, за поддршка и имплементација на процесот на вклучување на учениците во  редовното образование.  Тоа сега е центар  за 31 основи училишта, каде настава посетуваат ученици со попречености, од 11 општини.   Во моментов таму има запишано  47 ученици,  а 106 се опфатени со образовна асистенција  за кои се ангажирани 96 образовни асистенти, обучени, координирани и вработени во ОУРЦ Маца Овчарова

Училиштето е основано во 1973 година, со 11 наставници и 173 ученици со лесен вид на попречености.  Прв директор е Мира Величкова, која на оваа позиција останала до трагичната смрт 1996 година. Еден од основачите на училиштето бил Борче Митев, кој присуствуваше на одбележувањето на овој голем јубилеј.

„Беше тешко. Постоеја специјални паралелки, за деца со попречености, најчесто со лесни,  во  неколку основни училишта, во ОУ Св. Кирил и Методиј, во ОУ Благој Кирков, Јас работев во едно од нив, во ОУ Трајко Андреев, таму работеше и колегата  Ангел Љутков. Колегите дефектолози се договоривме, ако има можност да се формира осново училиште, специјализирано за овие деца. Кај родителите тогаш немаше отпор, бидејќи беа со лесни попрепчености. Подоцна родителите, дел од нив,  почнаа да ги откажуваат децата, тоа „специјално “ во името им пречеше, им создаваше побледи кај јавност - рече Митев.

Како логопед долги години во „Маца Овчарова“ работела  Зденка Џалева.

„Родителите беа задоволни од нашата работа, од училиштето, што создаде можност за грижа за нив.   Имаше бројни деца кои доаѓаа. Дали беше тешко, сите бевме млади ,  ги сакавме децата, ни беше интересно. Останувавме е и после работно, време. Ни беше втор дом и за нас и за децата. Се дружевме и со колегите и со децата. Работата  беше задоволство“ кажа Џалева.

По повод 50 години од постоењето на училиштето, беше промовирана монографија „50 години раст и развој низ лавиринтот на детскиот свет“ подготвена од Соња Гаврилова, вработена во училиштето.   Во холот на театарот имаше изложено рачни изработки на улениците и нивните наставници, кои беа продажни, како и дела од ликовни уметници од Велес. И нивните уметнички  дела се продаваа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати