650 вработени на Маркарт Македонија од понеделник на колективен платен одмор

Петар Печков

Раководството на  Маркарт Македонија, компанијата која има фабрика во  близина на Велес, одлучи 650-те вработени да не одат на работа. Дома ќе седат најмалку една седмица а кога ќе продолжат со работните обврски ќе зависи од развојот на состојбата со корона вирусот во земјава.

Наредната недела сите вработени во Маркарт Македонија ќе бидат на колективен платен одмор. Во зависност од развојот на настаните, согласно препораките на Владата и најважно од се, здравјето и безбедноста на нашите вработени, ќе зависи отпочнувањето со работа како и интензитетот и капацитетот на работата - пишува во писмената информација на  менаџментот на Маркарт Македонија. 

Како проблем во работењето ги  посочуваат  зголемени трошоци за испорака,  оневозможена е посетата од страна на нивните  клиенти, како и сервисерите на  опремата, кои доаѓаат  од Германија, Романија, Србија. Досегашниот работен процес посочуваат дека го организирале  благодарејќи  на флексибилноста на вработени, со одредени потешкотии и препреки  успеале  да ја организираат работата. Фабриката произведува автомобилски делови за  гигантите Мерцедес и Порше.  

фото архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати