За две години издадени 10 еколошки дозволи

Петар Печков

 За две години откако, согласно законската регултатива,  локалната влст и општинскиот испектор за животна средина можат да издвааат вакви дозволи, во Велес десет фирми и компании ја имаат  оваа преодна форма кон добивање на ,, Б,, интегрирана дозвола.

Тие ќе можат до крајот на 2014-та година да ги спроведат сите неоходни постапки за да ја добијат истата, при што за одредени индустриски објекти најзначајни се изградба на  пречистителна станица и колекторски систем, како и намалувањсе на емисијата на недозволени материи во границите на дозволените вредности.

Меѓу тие што добија еколошка дозвола за усогласување се и Крзнарата ,,Димко Митрев,, , Брако, Винарска Визба Лозар – Зегин, Фабрика за талк Димче Мирчев, , Керамика Нова, Кланица Агрија, Сепарцијата на ГП Изгрев инжинеринг,  и по една живинарска и свињарска фарма. Сите овие се фирми кои работеле пред 1-ви јули 2007-та и тие ќе треба во наредните четири години да ги завршат неопходните обврски за да продолжат со работа.

За новите објекти, изградени по 1-ви јули 2007-та за кои важат новите законски прописи, општина Велес издаден е една,,Б,, интегрирана дозвола и тоа за репроцентарот ,,Данчо Комерц,, .

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати