Матурска парада со скромен број учесници

Петар Печков

 Тие танцуваа на   „квадрил“ со што со истовремен  им се  придружија  на нивните врсници од Албанија, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Зачудувачки слаб беше годинашниот одѕив со само 16 учесници во Велес, наспроти стотината минатата година и пред тоа. Учениците велат дека причина за тоа е што оваа седмица се одржувале матурските вечери, па матурантите биле уморни. Но затоа честитки за 16-те матуранти кои сепак решија вака да го помнат полнолетството.

„Матурската парада“ е истовремено играње на танцот „квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“, и се игра во четири слики Панталон, Ете, Пасторел, Финале и трае осум минути.

Манифестацијата е иницирана во 2001 година од Словенецот Томаж Амброж и неговата танц-школа „Уршка“. Покрај забава и новина во одбележувањето на матурата, таа е и Гинисов рекорд во синхронизирано танцување.  Бројот на танчери се зголемува секоја година.

Организатори на Матурската парада во Македонија се Дирекцијата за култура и уметност - Скопје и „Ритам плус“. Генерален покровител е општина Велес. Манифестацијата е поддржана и од Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ, АМСМ, Секјуриком, Мек Доналдс и Македонското радио

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати