Невозможна мисија, отвори го пенџерчето

Петар Печков

Не е познато кој е авторот на овој ,,генијален,, изум но се знае дека прозорите кај скалилата во зградата каде се семстени Подрачните единици на Министерствата, кај граѓаните позната како ,,општината,, не се отворени откако таа е изградена.

Едноставно тие така се поставени што е невозможно да се отворат бидјеќи простор нема,  се залепени до самите скалила па така обидот на хигиеничарите со децении прозорите да бидат зачистени е неуспешен.

Така од отврањето на зградата на нив е налепена прашина која се таложи со децении. А не е извесно ниту кога ќе ножат да се отворат, бидејќи за тоа да се случи ќе треба да се рушат скалите.

Ова е секако податок за ,,Гинис,, прозор кој откако е поставен не  е отворен.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати