Ѓуровски нов член на Советот, нов претседател засега нема

Петар Печков

На вчерашната 60-та седница на Советот на Општина Велес верификуван е мандатот на новиот член на Советот на Општина Велес, Зоран Ѓуровски. Тој доаѓа од листата на коалицијата на СДСМ, откако досегашниот член Ненад Коциќ  беше и претседател на Советот,  стана член на републичкото Собрание. 

Ѓуровски ова му е втор мандат на советничка позиција, откако беше член и во периодот 2005-та 2009-та  година.    Ѓуровски доаѓа од партијата на Љубе Бошковски, Обединети за Македонија.

Ова е втор нов член на Советот, откако неодамна Душко Петров си поднесе оставка и на негово место влезе  Аљуш Ахмет од СДСМ. 

На вчерашната седница  требаше да се избере нов претседател на Советот, по заминувањето на досегашниот Коциќ. За тоа имаше и точка на дневен ред, која по барање на советниците на СДСМ беше повлечена. Причина не била извршена координација со врвот на партијата во Скопје.

Во период на формирање на нова Влада, не успеавме  да се консултираме за нов претседател и затоа оваа точка  ја оставивме за следната седница - изјави Стево Крстевски претседател на ОО на СДСМ Велес, и член на Советот. Вчерашната 60-та седница како најстар член ја водел Бесим Ахмедов.  

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати