Петар Печков
Објавено: вторник, 14 јули 2026
Неодамна во вечерните часови во Велес е реализирана е „Граѓанска патрола“ во рамки на превентивните активности насочени кон безбедноста на младите и одржување на јавниот ред и мир.
Оваа активност била спроведена од полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС Велес при СВР Велес, заедно со претставници од Советот на општина Велес, Локалниот совет за превенција, Општинскиот совет за превенција од детско престапништво и Центарот за социјални работи Велес.
„Како дел од активностите беа посетени места каде има зголемено присуство на малолетни лица, како паркови, игралишта и сл.. При тоа, на малолетниците им беше укажано за потребата од совесно и одговорно однесување и почитување на јавниот ред и мир, а особено внимание беше посветено на превенцијата од меѓу врсничко насилство, вандализам и несаканите последици од употреба на алкохол и психотропни супстанци“ – соопштија од МВР.
Овие активности имаат за цел да се зголеми безбедноста на младите и да се избегнат ризиците од опасностите преку зајакнување на меѓу институционалната и соработката со локалната заедница.
фото МВР
