ЈКП Дервен дал налог да се испита колку објекти од Отовица се приклучени на колекторскиот систем

Петар Печков

ЈКП Дервен постапил по барањето на Државниот инспекторат за животна средина, да се испита  колку објекти од населбата Отовица се приклучени на колеткорскиот систем. Целта е за да се открие зошто во заливот на Отовичка река, која е пресушена,  има старо фекално загадување.  

„Населбата Отовица постоела уште од создавањето на езерото и отпадните водите се влевале таму, немало  колекторски систем, кој ја прибира отпадната вода па езерото немало такво  загадување, како што сега е констатирано. Целта ми е, дека неоправдано се смета оти населбата Отовица е причината, поточно канализацијата, за состојбата на езеро Младост.  Бројката од 65 приклучени во колекторскиот систем од 229 не е точна, мислам дека 90 осто од објектите се приклучени на колекторскиот систем. Исто е и со левиот крак, ние не го стопанисуваме, но тој функционира и ги прибира отпадните води. Даден е налог да се испита колку објекти се приклучени на колекторскиот систем во Отовица. Докторите добро знаат дека со распаѓањето на угинaтите риби се создава амонијак во водите од езерото, а тој е регистриран во неодамнештото истражување при дното“- објасни Родна Јанева раководител на Р.Е. водовод и канализација при ЈКП Дервен.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати