ЈКП Дервен постави паноа за закачување на некролози, за да не се оштетуваат дрвјата

Петар Печков

Откако пред еден месец го ослободуваше кореновиот систем од дрвјата во градот, ЈКП Дрвен со новина ги заштитува од поставување плакати. од пред некој ден постени се  паноа за некролози на ул. Благој Ѓорев - спроти гимназијата и пред Трговскиот центар во Нова населба.

„Апелираме до граѓаните некролозите да не ги закачуваат на дрвјата туку на паноата наменети за тоа“-  соопштија од ЈКП Дервен. Вакви паноа досега имаше пред со закон заштитените јавори во градот. Така наместо некролозите да се закачуваат, по нив,  неколку години се поставуваат на овие паноа.  Но сигурно дека е потребно освен овие да се постават и други, на останати фреквентни јавни места.  

ТрМр на почетокот од март пишуваше за потреба од вакви паноа, откако заштитен беше кореновиот систем со негово ослободување од бетонот и бехатон плочките околу него., а беше потребно целосна грижа за дрвјата.  

Законот за урбанизам вели дека„ Заштитени се сите дрвја, како од јавните така и од приватните површини, со обем на стебло над 40 центиметри, мерено во висина од 1,3 метри, освен овошките, дрвјата во малите градини и дрвјата во шумите“

За потсетување дека  има  одлуката на Советот на Општина Велес, со која се забранува  поставување на некролози на дрвјата, но и било каков друг пропаганден материјал.  Целта е  да се создадат услови за подобар развој на зеленилото.  Таа е донесена во јуни 2019-та година и со неа неа се предвидени казни.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати