Вардар со висок водостој, попладне УХМР најавува висок воден бран

Петар Печков

Нивото на реката Вардар утрово во Велес бил 170 цм. Тоа е за 10 повеќе од вчера. Нивото на реката неколку дена е во постојан пораст. д 134 см на 29 на  152 на 31 март. Во текот на вчерашниот ден за 24ч. во Велес наврнале 13л/м2 соопштија од УХМР.

„Значително е висок водостојот на река Вардар по целото нејзино течение, од горниот дел во Полошката Котлина, во градот Скопје и низводно накај Велес во средниот и долниот дел од сливот во Демир Капија и Гевгелија. Во текот на денот се очекува и понатаму да остане висок водостојот посебно во средниот и долниот дел од сливот каде би се префрлил водниот бран“ – соопштија од УХМР.

Висок е водостојот на двете притоки на реката Вардар и на реките Пчиња 152, колку и вчера и Треска-132 вчера беше 92 см.

Изминатите 24 часа осетено е зголемено нивото на реката Бабуна во Богомила, од 36 вчера на 50 цм. утрово.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати