Петар Печков
Објавено: среда, 26 март 2025
Малолетници од Велес, деца кои не наполниле 15 години, снимиле експлицитно видео на нивните мобилни со дете кое исто така не наполнило 15 години. Тие со видеото го уценувале детето. Co oво сториле кривични дела уцена и полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Видеото кружи кај деца ученици од основните училишта. Сите деца се од различни основни од градот и не се поврзани со училиштето.
Едното од децата се појавува изминатите неколку месеци како сторител во неколку наврати на кривични дела, насилство, тепачка.
На поставеното прашње до СВР Велес, за настанот упатија до ОЈО Велес. Основното јавно обвинителство Велес било известено и веќе презело дејствија во предметот.
„За пријавеното малолетно лице кое е под возраста која дозволува да биде кривично одговорно, известен е Центарот за социјални работи за да преземе соодветни дејствија. За пријавен малолетник кој е на возраст од 14 години, пак, поведена е постапка и до судијата за деца во Основниот суд Велес предложена е мерка - згрижување во воспитна установа додека трае постапката против него. Се работи на обезбедување на сите докази, а обвинителството и надлежните служби преземаат дејствија и за целосно испитување на настанот“ – соопштија од ОЈО Велес за ТрМр.