Втор протест во Велес за починатите во пожарот во Кочани, одговорност за функционерите на високите позиции, не казни за ситните „риби“ порачаа велешани (фото видео)

Петар Печков

Многу помасовен, од синиќешниот,  беше денешниот протест во Велес и почит за  починат  59 млади животи во пожарот во Кочани. Најбројни беа младите учениците, средношколци основци, кои положуваа цвеќе, палеа свеќи, испратија црни балони во небото.

„Како млади најмногу можеме да придонесеме да гипоместиме работите во земјава, нашиот глас да биде слушнат. Со нашите следни активности треба да преземеме акција да се стави крај на овие црни настани.Треба да почнеме од себе си, да ги утврдиме нашите вистински вредности, и да се запрашаме, како ќе продолжиме натаму. Сите жртви деновиве се во нашите мисли“ – кажа  Кристијан Мартинов средношколец од Велес.

„Овие неколку дена Македонија е завиена во црно.Неодговорноста и корупцијата го наплатија данокот во човечки животи. Треба да си го стввиме прстот на глава и да се прашаме, дали ќе дозволиме да ни се случуваат вакви трагедии, млади деца живи да гора. Дојдов како родител, како мајка да запалам свеќа за тие деца. Ова е многу болно“ – кажа велешанка присутна на протестот.

„Оваа ситуација се има случена повеќе пати во светот, во повеќе држави, во САД 2003, во Букурешт Романија 2015 и сега кај нас. Не сме ги научиле грешките од минатото на другите,  и градиме објекти кои  не ги исполнуваат безебдносните стандарди“ – рече ученикот Димитар Сланев.

„Мислев дека вакво нешто никогаш нема да се случи во Македонија. Кога ми кажаа во неделата помислив е лош сон. Но излезе сурова и болна стварност. А кој настрада, невините деца. Не треба да одговараат ситните риби, туку сомовите, капиталците“ – вели велешанец.

На настанот беше и градоначалникот Марко Колев., членови на Советот на Општината, преставници-свештеници на велешкото намесништво на Повардарска Епархија на МПЦ –ОА.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати