Ќе профункционира ли киното во Велес, каде се вложени 76 илјади евра

Петар Печков

Велес доби современо уредена кино сала со најсовремена опрема,. Тоа беше инвестиција од 76 илјади евра. Но две години освен премиерно прикажување на еден филм,македонскиот Стела, ништо друго не се случува.

Јавноста во дилеми зошто толку пари се вложени а нема ништо од користењето на киното и прикажување на филмови.  Овој наследен проблем   остана да го решава новата администрација во локалната власт.  Градоначалникот вели   дека се разгледуваат варијантите, правно како да се реши статусот на  салата и опремата, велешани  да гледаат нови хит филмови.  

 „Многу брзо ќе донесе одлука Советот. Течат преговорите со реномирана светска куќа, која има неколку кина низ Македонија  се надевам во добар правец. Има заинтересирано приватно лице, кое би влегло во оваа работа. Се разгледуваат варијантите, правно како да се изведе, да гледаме нови американски и европски и филмови а не стари. Очекувам дека за еден месец ќе имаме конечна одлука. Кино во Велес мора да има“ - кажа градоначалникот Марко Колев.   

Велешкото кино „11 Октомври“ престана да работи летото 2005-та. Од април 2013, по добивањето на дигитален кинопроектор, филмови, пред сѐ, македонски, но и ревии на новиот француски и германски филм,  се прикажуваа во Велешкиот театар.

Откако во 2018 проекторот се расипа, во Велес престанаа да се прикажуваат филмови. Кино салата во „Бели мугри“ располага  со дигитален кинопроектор, перфориран екран за кино прикажување од 27,5 м2 и сараунд систем за озвучување. Салата има капацитет за 240 гледачи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати