Џиновската пастрмајлија од 4,4 метри се подготвуваше седум часа, се изеде за 12 минути (фото)

Петар Печков

Џиновската пита пастрајлија која се подготвуваше шест часа, се исече и изеде за 12 минути. Од нејзината продажба која беше хуманитарна, волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес собраа 15.400 денари, што е повеќе од ланските 12 илјади а помалку од рекордните 16 илјади пред  две години.

Средствата  ќе се наменат за набавка за пакети на храна, во Неделата на борбата против гладта, која се одбележува од понеделник. Џиновската пита со години е донација од фурна Гемиџии, и секоја година е се поголема и поголема.

„Годинава го срушивме сопствениот рекорд и поголема е од лани за 10цм. сега е 4,40м. Се подготвуаше шест до седум часа, два  часасе за обработка на  местото а останатите е подготовка на тестото и печење.  Ветувам дека питата уште неколку години ќе расте и ќе биде поголема од годинава, но сепак фурната има граници“ – кажа Александар Јамалов, сопственик на фурната Гемиџии.  

Во нејзината подготовка учестувале 10 пекари,  употребени  биле 17 кг брашно, од што се добиени 28 кг. тесто, 45 кг. свинско месо и  370 јајца, плус сало. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати