Петар Печков
Објавено: среда, 16 септември 2026
Улиците Благој Ѓорев од Авона надолу и 8 Септември од Пошта до саатот, каде во трета лента има паркирано секојднево стотици автомобили, како регионални патишта засега таму нема да се плаќа паркирањето, кога тоа ќе започне. Објаснувањето од локалната власт е така ќе било се додека не се изгради обиколницата околу Велес за Чашка, чија изградба се најавува една година и двете улици нема да бидат повеќе регионални, туку локални.
“Ова е проблем кој долги години ги мачи велешани. Убеден сум дека за истиот локалната власт, во соработка со Агенцијата за државни патишта, доколку се посветат пофукусирано на тоа во наредниот период, ќе најдат решение кое ќе ја подобри состојбата. Не гледам зошто да не се најде решение кое ќе го олесни сообраќајот во Велес“ – кажа Панче Тошковски министер на МВР, одговарајќи како да се реши прашањето со стотиците паркирани автомобили на овие две фрекфенти улици во трета лента.
