Се работи на решение за семејството кај Бирото, откако првото пропадна

Петар Печков

Семејството кое живее на кривината пред Автобуската, близу Бирото за вработување се врати да живее во истиот објект. Откако ги немаше во разрушената куќа а населена од нив пред две децении, тие повторно се таму. 

За нивниот номадски начин на живот, за нехигиената која ја создава, има жестоки реакции од велешани, зошто се дозволува таму да живеат во субстандардни услови, но и да бидат опасност по граѓаните, откако децата навечер истрчуваа пред автомбили, коњот шета по улица и возачите не можат да возат по улиците кај ДОЗ.  Градоначалникот Марко Колев вели дека работат на решение, едно било  неуспешно, па се бара ново.  

„Работиме на решавање на проблемот со лицата кои живеат во куќата кај Бирото. Обезбедивме  преку Владата куќа за  нив, во едно село во Општина Градско. Тие сакаа да заминат и се подготвуваа. Куќата беше во лоша состојба а по информацијата дека ќе биде вселена од ова семејство, таа беше доуништена. И не беа примени од локалното населениет во селото.  За 20 години живот на овие лица, донесовме некакво решение. Се бара ново“ – рече Колев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати