Автомобил на годината во Македонија за 2018 е Dacia Duster

Петар Печков

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 23. пат го организира изборот.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди десет финалисти кои годинава конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2018“.

Листа на финалисти ја сочинуваа

Suzuki Swift

Seat Ibiza

BMW X3

Ford Fiesta

Opel Insignia

Kia Stinger

Nissan Micra

Citroen C3 Aircross

Kia Stonic

Dacia Duster

Годинава право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Возилото што доби најмногу гласови од финалистите освојува еден (1) глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на жирито.

По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на

Dacia Duster.

Националното Жири се раководеше од шесте критериуми:

– адекватност и понуда на домашниот пазар

– економичност и еколошка прифатливост

– безбедност и примена на технолошки достигнувања

– возни својства

– дизајн

– комфор и опременост

Иако конкуренцијата беше исклучително конкурентна, категоријата, адекватност и понуда на домашниот пазар, Dacia Duster ја направи решавачката предност.

Ова возило доби 3 гласови од жирито, кои поединечно ги дадоа гласовите за овие модели.

Горан Антевски – Dacia Duster

Владимир Ристовиќ – Ford Fiesta

Љупчо Михајловски – Dacia Duster

Агрон Сулејман – Dacia Duster

Глас од финалистите – Opel Insignia

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Кој ќе биде новиот светски првак во фудбал?

  • Аргентина
  • Англија
  • Англија
  • Бразил
  • Белгија
  • Германија
  • Португалија
  • Русија
  • Србија
  • Уругвај
  • Франција
  • Хрватска
  • Шпанија
  • некој друг
Резултати