Ангелче Петрушев по четврти пат го освои меѓународниот кајак куп ИКАС

Петар Печков

Велешкиот кајакар, Ангелче Петрушев  како член на македонската кајак репрезентација победи на меѓународниот кајак куп  ИКАС 2024. Тој во финалето на кајак слалом на диви води во К-1 имаше најдобар резултат и за скоро една секунда беше подобар од исто така велешанецот Стефан Рибарски и двајцата членови на ККК Вардар од Велес. Третото место го освои членот на селекцијата на Србија Милан Ѓорѓевиќ, со секунда и пол заостаток зад победникот. 

 Петрушев претходно го освои ИКАС 2019,2021,2023 година. 

Ова беше 55-то издание на ИКАС 2024 кое понуди возбудливи натпревари посбено во најсилната категорија К1 мажи.На овој силен меѓународен кајак куп натпревар учествуваа репрезентации од шест  земји, освен домаќинот Македонија, и од Грција, Србија, Турција, БиХ, Романија, а се веслаше и во  Ц-1, и во машка и женска конкуренција.

Наредните викенди ќе се веслаат изборните натпревари за составот на македонската кајак репрезентација за настапите на Европското и Светското првенство во сениорска и јуниорска категорија како и за Светските куп трки.

За посетување кајак слалом е олимписка дицисплина, за разлика од кајак спуст кој го нема тој статус.  Младиот велешанец Ангелче Петрушев (19 год) е на листата на Меѓународниот Олимписки комитет за да добие вајлд карта за учество на Олимпијадата во Париз, во ситуација кога ниту еден македонски спортист нема обезбедено олимписка норма. 

фото Кајакарска федерација на Македонија

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС РАСПИША ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 50 ПОРОТНИЦИ

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3, чл.42 и чл.43 од Законот за судовите и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот, на ден 12.07.2024 година, го објавува следниот:

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ја пиете водата од природните чешми и бунари?

  • да
  • не
  • како кога
Резултати