Петар Печков
Објавено: недела, 25 октомври 2026
Висока победа за ФК Борец во 7-то коло на Трета фудбалска лига Југ. Дома со 10:0 го совладаа тимот на ФК Влазмини јуниор од крушевски Пресил, тим кој е претпоследен на табелата. Останатеи два велешки лигашпи во оваа конкуренција се поразени. ФК Превалец во соседското дерби петто и шестто пласираните тимови во прилепско Горно Коњари од истоимената екипа загуби со 0:3, а ФК Башкими од Горно Јаболчиште загуби со 0:4 во Крушево од ФК Питу Гули кој беше 10-то пласиран. По ова коло ФК Борец е втор со 14 бода, пет помалку од лидерот ФК Победа, ФК Превалeц со два последователни порази падна на 8-мо место со 10 бода а ФК Башкими е 10-ти со 8 бода. Во следното коло градско дерби во Превалец, играат ФК Превалец и ФК Башкими, ФК Борец гостува на ФК Бучин во истоименото крушеско село, кој е 6-то пласиран.
Се одигра четвртото коло на Општинксата фудбалска лига, ФК Раштани е сам на врвот од табелата, ФК БУзалково има 4 реми од 4 натпреври со гол раслика 4:4.
Т А Б Е Л А
1. ФК РАШТАНИ 4 3 1 0 7 :1 10
2. ФК ГОРСКИ 4 2 2 0 5:1 8
3. ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА 4 2 1 1 6 :5 7
4. ФК ФОРЦА НОВА 4 4 1 1 7: 7 7
5. ФК ТОПОЛКА 4 2 0 2 3: 3 6
6. ФК ПЛАВНИК 4 1 2 1 5:6 5
7. ФК БУЗАЛКОВА 4 0 4 0 4: 4 4
8. ФК ВРАНОВЦИ 4 1 1 2 3:5 4
9. ФК СОГЛЕ 4 0 2 2 1 :3 2
10. ФК МЛАДОСТ 4 0 0 4 3 : 9 0
Во следното петто коло играат:
ФК Раштани - ФК Плавник
ФК Согле- ФК Младост
ФК Локомотива - ФК Форца нова
ФК Врановци - ФК Горски
ФК Бузалкова - ФК Тополка

