Петар Печков
Објавено: недела, 27 септември 2026
Локалниото дерби помеѓу ФК Борец и ФК Башкими од Горно Јаболчиште заврши без победник, нерешено 1:1 (1:1). Аспирантот за висок пласман, велешкиот лигаш не најде игра за победа и се сопна на првата сериозна пречка и тоа на домашен терен. ФК Превалец победи во воздбудлив и интересен натпревар во крушеско Пресил против ФК Валзними со 3:4 (2:1). Oва се резултати од третото коло на Третата лига Југ.
Во следното коло, четврто коло ФК Превалец дома игра со ФЛ Млекар од Прилеп, ФК Башкими во Чашка со ФК Венец од неготински Долни Дисан, додека ФК Борец гостува кај ФК Вардар од Неготино.
