На ЕП во кајак на диви води слалом Македонија после долги години нема да има учесник

Петар Печков

На Европското првенство во кајак на диви води слалом, после многу години отсутна е репрезентацијaта на Македонија. Нејзините членови нема да веслаат на ЕП во Ивреа Италија, кое се одржува од денес, четврток до сабота. Најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушев е повреден, не учествуваше и на  ЕП во Франција за млади категории.

„Македонската репрезентација во кајак слалом е редовен учесник на Европските првенства каде постигнува солидни резултати, но оваа година новото раководство (Претседателот) на федерацијата (КФСМ) одлучи Македонија да не учествува на ова Европско првенство иако Министерството за спорт веќе и додели односно исплати финансиски срества за настап на Европското првенство. Образложението на новото раководство на федерацијата е дека првопласираниот во репрезентацијата Ангел Петрушев е повреден а второ и трето пласираните Кристијан Смилев и Стефан Рибарски не биле доволно квалитетни за настап на Европско првенство, што воопшто не е точно“ – реагира Роберт Папазов поранешниот Претседател на КФСМ.

Според него новото раководство на КФСМ има свои омилени и неомилени кајакари и кајакарски клубови односно, односно  кој за кого гласал при изборот на новото раководство.

„Дека новото раководство ги дели кајакарите на омилени и неомилени, може наши и ваши, покажува и неодамна поднесената листа за стипендисти ‘‘Спортска надеж‘‘ каде тројцата најдобри кајакри во спринт на мирна вода нема да добијат стипендии а ќе добијат четрвто, петто и шесто пласираните, што претставува невиден преседан од кога постои оваа програма Спортска надеж. На неодамна одржаното Европско јуниорско првенство во кајак слалом во Епинал Франција на повеќето ( омилените ) кајакари им беа исплатени трошоците за патување и настап освен на најдобриот јуниор Кристијан Смилев (единствен кој се пласира во полуфиналето на европското јуниорско првенство) не му беа исплатени трошоците за патување и настап, бидејќи е неомилен“ – додава Папазов. 

На крај од неговото обраќање  констатира дека со ваквата работа на новото раководство  се  губат најдобрите кајакари. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати