Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 септември 2026
Во тек е реконструкција на спортската сала „Гемиџии“ на соблекувалните и санитариите. Со нивна санација ќе се реши горлив проблем за сите спортисти кои ги користеа но и бројните рекративци кои дел од слбодното време минуваа во објектот.
„Ова беше барање подолго време од корисниците. Се средува водовод, одвод, електирка, машинство, за овие четири соблекувални но и вц-ињата за публиката да бидат целосно реконструирани, за пристојни услови за ставење на салата во фунлкција“ – рече градоначалникот Марко Колев.
Тој потсети дека локалнта влaст става акцент на условите за спортување и рекреација. Реконстуирани се спортските сали во основиге учлилишта Васил Главинов, Св. Кирил и Методиј, во Гимназијата, изградени се спортските рекреативни центри во Тунелот, Дворови, Гимназијата, ОУ Васил Главинов. На клубовите на почетокот на септември им биле исплатени средствата кои им се одобрени од Општинскиот Буџет.
„Со реконструкцијата на овој спортски храм, кој значи историја за македонскиот спорт, ќе може во иднина да биде домаќин на завршницата од Куп натпревари, на меѓународни натпревари, Супер куп. Ова е почеток на реконструкцијата, по оваа фаза ќе следат и други зафати, во спортскиот дел. Ова сала не ја користат само професионалци, туку и рекреатици, дечиња“ – кажа Борко Ристовски, министер за спорт.
„Реконструкцијата треба да заврши до крајот на годината. Преку Владата се издвоени 15,7 милиони денари а Општина Велес 7,2 милиони, или вкупно 23 милиони денари, изведувач е ДГ Изгрев од Велес. Ова е најголема сума од изградабта на салата која е одвоена за нејзина реконструкција“ – дополни Колев.
Пред десетина години беше извршена санација на кровот да не протекува. По оваа прва фаза следува следна која ќе се одвива наредната година, кога ќе бидат отстранети монтажните седишта позади головите, бидејќи постојните димензии на подот не се за ракомет, ќе се изврши замена на подот со поквалитетен за да може да се играат натпревари во кошарка, одбојка, ракомет, футсал. Се најавува поставување на штедливи светилки за осветлување на салата.
Спортската сала е свечено пуштена на 12 јуни 1982-та година . Тогаш била со име 25 мај. На овој свечен момент имало околу 4 илјади гледачи, кога биле пуштени и подвижните седишта. Публиката на отворањето го следела одбојкарскиот натпревар помеѓу велешки Борец, тогаш член на Првата Југословенска лига и скопски Работнички.
