Анка Трајковска-Петкоска на престижната светска ранг листа на Универзитетот „Статфорд“ од САД по цитираност на нејзините научни трудови

Петар Печков

Професорката д-р Анка Трајковска-Петкоска од Технолошко-техничкиот факултет – Велес,  дел од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО), се најде на престижната светска ранг-листа на Универзитетот „Стенфорд“ во САД и научната издавачка куќа „Елсевир“ за 2026 година. Tаа е рангирана меѓу првите два процента највлијателни научници во светот според цитираноста на нејзините научни трудови. Трајковска-Петкоска е единствената претставничка на УКЛО на оваа листа.

„Со ова рангирање се потврдува фактот дека и ние имаме капацитет и знаење да постигнеме успех што ќе биде видлив, односно препознаен и од странските агенции што ги прават овие рангирања. Тоа ми дава уште поголема верба дека вредиме на светско ниво, без оглед на тоа каде сме географски лоцирани“, кажа Трајковска-Петкоска.

Taa e четврторангирана од вкупно 11 македонски научници на оваа листа за 2026 година.

Трајковска-Петкоска е специјалист во областа на материјалите, хемиското инженерство и биотехнологијата. Таа е инженер-технолог, а докторските студии ги завршила на Универзитетот во Рочестер, САД, каде што работела и како асистент.

Била ангажирана и на Воената академија во Скопје, а има завршено обука во првата генерација жени-офицери во Армијата на Република Македонија. Авторка е на научно истражувачки проекти, научни трудови и патенти во земјата и во странство.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати