Петар Печков
Објавено: четврток, 01 октомври 2026
Денес први октомври започна акдемската учебна година за периодот 2026/27. На Технолошко-техничкиот факултет – Велес беше одржан првиот академски час за новозапишаните студенти на двете студиски програми Прехранбена технологија и биотехнологија и Нутриционизам. Во трети уписни рока запишани се 15-тина студенти, што редовни, што вонредни, во тек е и четвртиот вонреден уписен рок.
„На студентите им посакуваме топло добредојде и успешен почеток на нивното академско образование, пред нив е период исполнет со нови знаења, искуства, предизвици и можности за личен и професионален развој. Ве охрабруваме храбро да ги следите своите цели, активно да учествувате во наставата, научноистражувачките активности, студентските иницијативи и меѓународните можности што ги нудат Факултетот и Универзитетот. На сите нови студенти им посакуваме успешна академска година, многу постигнувања и незаборавни студентски моменти“ – порача деканката Везирка Јанкуловска, која на првиот академски час беше на факултетот дисперзирана настава во Кичево.
Посебно беше истакната важноста на знаењето, посветеноста, љубопитноста и истрајноста како вредности што ќе ги водат во текот на студирањето и во нивната понатамошна професионална кариера.
Технолошко-техничкиот факултет – Велес кој работи како дел од Универзитетот Св. Климент Охридски е едиствената високо образовна институција во Велес.
