Во 91 паралелка од велешките училишта учат ученици помалку од минималниот број

Петар Печков

Годинава во 91 паралелка од  велешките основни и средни училишта учат  помал број на ученици од максималниот, кој за основното образование е 20 а за средното 25.  Членовите на Советот изгласаа во сите седум основни и трите средни општински училишта, да има  паралелки со помал број на ученици. Една паралека со помал број ученици од максималниот има и во државното средно училиште „Коле Неделковски“ која е одобрена од Министерството за образование. Лани во Велес имаше за една паралелка повеќе, 92 со помал број на ученици. 

Најмногу ги  има во ОУ Панко Брашнар со  19 наспроти ланските 25 паралелки. Дел од нив се во подрачните училишта, Башино Село и Караслари со по три и една во село Чалошово.       

Во ОУ Лирија во Бузалково има 18 паралелкиу помалку,  при што повеќето вкупно 10 се во  подрачните училишта Клуковец  и Сливник, по пет. Во трето одделение во училиштето во Бузалково учат само три ученици и тоа е најмалиот број на деца во една паралелка во општината. 

Во училиштето во Иванковци заедно со подрачните настава посетуваат 70 ученици. Таму сите 13 паралелки се со помал број од минималниот. И подрачните во Сојаклари, Отовица имаат мал број ученици, првага 15 а во Отовица пет ученика. 

Во ОУ Св. Кирил и Методиј  има вкупно 16 паралелки со помал број ученици, од нив три се во подрачното во село Црквино каде една комбинирана има седум ученика. 

Во ОУ ТРајко Жинзифов во Горно Оризари има пет паралелку со помал број уечници а најмалку четирти ги има во  ОУ Блаже Конески  сите  во прво одделение.
Во  средното Хемиско училиште Димитрија Чуповски има две паралелка со помал број ученици, и тоа со шест  во насоката за месопреработувач и пекар и осум за техничар за животна средина. Во економското училиште има четири паралелки со помал број ученици. Во Гимназијата има две паралелки со помал број ученици. 
Во  средното училиште „Коле Неделковски“  кое е државно. Има една паралелка  со помал број од минимумот 25. 

Од 1 септември во прво одделение во седумте велешки основни училишта, требаше да тргнат на училиште  511 првачиња. Ова е податокот кој СВР Велес го има за бројот на првоодделенци. Тоа е за 40 прваче помалку од лани. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати